Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ, е задоволен од победата над Македонија и откри дека е еден од клучните моменти откако тој е дојден.
„ Заслужено победивме. Мислам дека ова беше добар меч и дека Бугарија по четири години победи на гости. Кога дојдов за селектор, решив да направам промени затоа што тимот немаше резултати. Малку кој веруваше во моите промени во составот, но ете, има резултат. Тоа не значи дека од оние фудбалери кои не се повикани сега сме се откажале од нив. Ќе ги следиме игрите на сите потенцијални фудбалери“, рече Крстајиќ, кој потенцираше и дека било тешко да се победи на терен на чии трибини имало фантастични 15.000-20.000 навивачи.