Круна на блескавата кариера, Мајкл Џордан ќе го претстави Кукоч во Куќата на славните

Својата блескава кошаркарска кариера, Хрватот Тони Кукоч ќе ја запечати вечерва со влез во Куќата на славните во НБА, а таму ќе биде претставен од еден од најдобрите играчи во историјата, ако не и најдобар, Мајкл Џордан.

Некогашното дуо на Чикаго булс кое играјќи заедно освои три шампионски прстени, вечерва ќе продефилира на свечена церемонија во Спрингфилд.

Покрај Кукоч, вреди да се одбележи и влезот во Куќата на славните и на Бен Валас, кој е првиот недрафтуван играч во историјата на НБА, кој стигнал до ваквото престижно признание. Во овогодинешната класа 2021, признание ќе добијат и: Крис Бош, Пол Пирс, Крис Вебер, Бил Расел, додека од тренерските легенди тука се: Јан Рајт и Рик Аделман. Кај дамите во оваа листа се: Лорен Џексон и Јоланда Грифин.

- Оглас -

Најнови вести