Крушата под круша паѓа, синот на Ето е нова ѕвезда на африканскиот фудбал (Видео)

Младинската репрезентација на Камерун го разби Мозамбик со 4-1, а ѕвезда на мечот беше Етиен Ето, син на славниот Самуел Ето. Етиен даде два гола, од кои едниот фантастичен од слободен удар, другиот од пенал, а имаше и асистенција.

Етиен Ето има 18 години, и висок е 195 сантиметри. Благодарение на талентот кој го има, а и поради името на татко му, сигурно наскоро големите клубови ќе почнат да го бараат. Играта на овој меч е најдобра препорака.

Погледнете ги најинтересните мечеви, а особено внимание обратете на првиот гол кој е на почетокот на видеото:

- Оглас -

Најнови вести