Крвнички старт на голман ги запали страстите на градско дерби во Бразил (Видео)

Градските дербија секаде низ светот се посебно привлечни и победата се слави повеќе од обично, а напнато е и во бразилскиот град Порто Алегре, каде што ривали се Гремио и Интернасионал. Овие тимови играа меч од бразилското првенство, Гремио победи со 2-0, а главна ѕвезда беше голманот на гостите Марсело Ломба.

При 1-0 за Гремио во 51-вата минута, Ломба целосно ги загуби нервите и крвнички стартуваше над противничкиот играч Лусијано, и тоа надвор од 16-никот, со што само ја дозапали атмосферата на стадионот. Се разбира, Ломба беше исклучен.

Погледнете го неверојатно грубиот фаул на 33-годишниот голман:

https://www.youtube.com/watch?v=UOVGrBsl-s0

- Оглас -

Најнови вести