Куче лошо изведе слободен удар, мораше да излезе од игра (видео)

Куче влета на теренот за време на меч од Втората турска лига меѓу Карагумрук и Гиресунспор. Во ситуација домашниот состав да изведе слободен удар, кучето виде прилика да се прикраде и да ја украде топката.

Пресреќно што си најде играчка, на кучето му се виде убаво да си игра на тревата, но принудно го напушти теренот откако капитенот на домаќините се нафати да ја прекине комичната сцена. Итрото куче дури успеа да најде нов влез до теренот пред повторно да му ја спречат забавата.

https://twitter.com/TribunTvOrg/status/1229147007140421632

- Оглас -

Најнови вести