Кукурелја на оригиналнен начин му се извини на Челзи, ги фрли копачките во канта за ѓубре (Фото)

Шпанскиот бек Марк Кукурелја на Инстаграм имаше објава која стана хит, не само меѓу навивачите на Челзи, туку и кај сите љубители на фудбалот.

Кукурелја вчера на лондонското дерби против Тотенхем, двапати се лизна во првите десетина минути од мечот, а неколку секунди подоцна неговиот тим примаше голови за водство на Петлите од 2-0. Кукурелја ги смени копачките чии крампони не беа добри, и потоа веќе не се лизгаше на тревата како да е мраз, а Сините предводени од Кол Палмер направија пресврт и победија со 4-3.

После мечот, Кукурелја објави фотографија на која се гледа дека копачките со кои се лизгаше, ги фрлил во канта за отпад, со извинување до фановите на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести