22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Кулибали даде прекрасен гол, навивачите на Челзи ја мразат песната што сами му ја измислија (Видео)

Калиду Кулибали го постигна голот првенец во дресот на Челзи, а погоди во 19. минута против Тотенхем и тоа на извонреден начин и предизвика интересна дебата на социјалните мрежи.

Сенегалецот погоди со волеј од десеттина метри и со неговиот деби гол за Сините, Челзи води со 1:0 по првото полувреме.

Голот е одличен, но и предизвика комична дебата меѓу симпатизерите на клубот до Лондон.

Дел од навивачите на Челзи постојано му пејат песна на Сенегалецот, откако тој пристигна во Лондон од Наполи, а не им легна баш на сите симпатизери како што се очекуваше, туку напротив се пголем број се шегуваат и бараат од Кулибали да не дава голови, за да не ја слушаат песната.

- Оглас -

Најнови вести