Кулибали е на продажба, и тоа со попуст

Се чини дека претседателот Де Лаурентис се умори да тера инает, па затоа ја спушти цената за Калиду Кулибали. Дефанзивецот на Наполи е слободен да го напушти „Сан Паоло“ доколку заинтересираните клубови платат 75 милиони евра, а не 100 милиони колку што бараше Де Лаурентис во изминатите преодни рокови.

Неколку гиганти се обидоа да ги добијат услугите на одличниот стопер, а интересот повторно е голем откако се дозна дека ќе се добие попуст при ангажманот. Најзагреани се Светците, тие се подготвени да му понудат 12 милиони евра годишна плата на Кулибали, но ќе имаат конкуренција од Манчестер сити и Јунајтед.

Кулибали сезонава одигра вкупно 20 меча, од кои 14 се во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести