Кулушевски го брка италијанскиот репрезентативец од Јувентус

Во зависност од тоа кога ќе се отвори летниот преоден рок, Јувентус ќе почне со ослободување на места во тимот и продажба на неколку играчи од кои може да се заработи. Една од тие жртви ќе биде Федерико Бернардески, а причина за неговото заминување е ангажманот на Дејан Кулушевски.

Македонецот роден во Шведска во зимскиот преоден рок стави потпис на повеќегодишен договор со Јувентус при трансферот вреден 35 милиони евра од Аталанта, но до крајот на актуелната сезона, која моментално е прекината, остана во редовите на Парма како позајмен играч.

Продажбата на Бернардески значи дека ќе има место за Кулушевски во првиот тим кај Маурицио Сари, иако Бјанконерите во 2017 година портошија 40 милиони евра за италијанскиот репрезентативец кој тогаш настапуваше за Фиорентина.

Бернардески сезонава запиша 24 настапи во сите натпреварувања, но за крилен офанзивец скромна е статистиката од еден гол и една асистенција, па затоа ќе си бара нов клуб во следниот трансфер прозорец.

- Оглас -

Најнови вести