Кулушевски го предводеше Тотенхем до убедлива победа

Тотенхем лошо го започна мечот пред своите навивачи и губеше со 0:1 од Саутемптон, но веднаш потоа лондонскиот тим направи пресврт и на полувремето водеше со 2:1. Во вториот дел, фудбалерите на Тотенхем продолжија да доминираат на теренот и до крајот постигнаа уште два гола.

Шведскиот репрезентативец со македонски корени, Дејан Кулушевски со еден гол и асистенција беше предводник во победничкиот тим.

Домашниот терен го искористија и останатите екипи кои играа од 16 часот. Борнмут со 2:0 ја победи Астон вила, Лидс славеше со 2:1 во дуелот со Вулверхемптон, а Њукасл без многу проблеми со 2:0 беше подобар од Нотингем Форест.

- Оглас -

Најнови вести