Кулушевски опасно дрибла, мајсторски му намести деби гол на Фработа (Видео)

Дејан Кулушевски е опасен дриблер и повторно покажа зошто е еден од најдобрите млади играчи во Европа со мајсторска соло акција во 33-тата минута на куп-дуелот со СПАЛ.

Шведскиот репрезентативец со македонски корени двапати го измести со дриблинзи левиот бек на СПАЛ, Лука Раниери, и потоа одлично му асистираше на Џанлука Фработа за деби гол во дресот на Јувентус.

Јувентус има сигурна предност од 2:0 по првото полувреме и е на добар пат кон полуфинален дуел со Интер во Копа Италија.

- Оглас -

Најнови вести