Кулушевски со голема молба до Златан Ибрахимовиќ

Швеѓанецот со потекло од Македонија, Дејан Кулушевски, добива сè поголемо внимание во дресот на Јувентус. Талентираниот фудбалер сезонава одигра дури 19 меча за Старата дама, во кои има биланс од три гола и две асистенции за 902 минути поминати на теренот. Синоќа против Сасуоло, Дејан во игра влезе од клупата за резерви, но одигра добар меч.

По завршување на средбата со Сасуоло, Кулушевски упати порака до неговиот сонародник, легендарниот Златан Ибрахимовиќ. Играчот на Јувентус побара од ѕвездата на Милан да се врати во националниот дрес на Шведска и да игра на Европското првенство 2021 година.

„Во контакт сум со Златан. Тој е мојот идол. Тешко дека некој друг на светот може да го прави тоа што тој го прави. Кога ќе слушнам дека тој ме фали, тоа ми дава мотив да работам уште посилно. Навистина се надевам дека Златан ќе се врати во репрезентацијата и дека ќе заигра за Шведска на Европското првенство. За мене тоа би било нешто прекрасно, а сигурно и цела Шведска посакува такво нешто. Ајде Златане“, беше пораката на Кулушевски до Ибрахимовиќ.

Популарниот Ибра последен пат го носеше националниот дрес на Шведска на Европското првенство во 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести