Кулушевски со шок-терапија за Гатузо (видео)

Џенаро Гатузо засега има кошмарно деби на клупата на Наполи, бидејќи неговиот состав е во негатива од 0-1 против Парма во мечот од 16-тото коло во Серија А. За шок-терапијата на новопечениот стратег на Наполитанците виновен е Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски.

Одличниот млад офанзивец одлично се снајде покрај дефанзивецот Кулибали, му ја украде топката и го претрча речиси половина терен пред да го совлада голманот Сепе уште во четвртата минута од мечот на „Сан Паоло“.

https://www.dailymotion.com/video/x7p5vor

- Оглас -

Најнови вести