Куман: Ако Меси си замине, не знам кој нов играч во Барса ќе може да дава толку многу голови

Доколку Лионел Меси не го продолжи договорот со Барселона и си замине од клубот, тоа ќе има огромни последици по бројот на голови кои ќе ги постигне тимот во следната сезона, вели тренерот Роналд Куман.

Откако Барса освои само пет од можните 15 бода во последните пет кола, се засилија шпекулациите дека Куман ќе биде разрешен од функцијата. Големи се шансите Холанѓанецот да добие отказ.

„Се надевам дека Меси ќе остане бидејќи тој и понатаму е најдобар фудбалер на светот. Без него, невозможно ќе биде да се игра. Тој дава по 30 гола, му носи многу бодови на тимот. Ако си замине Лео, имам големи дилеми кој би можело да го покрие неговото заминување, кој е тој што би давал толку голови“, изјави Куман по поразот од Селта.

- Оглас -

Најнови вести