Куман чувствува дека ова му е последна шанса да ја преземе Барселона

Каталонскиот лист „Мундо депортиво“ тврди дека Роналд Куман е подготвен да се раздели со репрезентацијата на Холандија со цел да ја преземе клупата на Барселона.

Ексменаџерот на Евертон чувстува дека ова му е последна шанса да биде тренер на тимот каде што помина дел од играчката кариера, со оглед на тоа дека на Кике Сетјен му се подготвува отказ по фијаското против Баерн Минхен.

Куман претходно ги одби Каталонците пред Сетјен да биде назначен за предводник бидејќи сакаше да ја води Холандија на ЕП 2020. Сепак, континенталниот шампионат се одложи за следното лето, а на Куман веќе не му се чека.

Напоредно за жешкото столче на „Камп ноу“ конкурираат уште Маурисио Покетино, клупската легенда Чави Ернандес и Тиери Анри.

- Оглас -

Најнови вести