Куман до управата на Барселона испратил список со четворица играчи

Шпанското првенство почнува утре, но Барселона доби дополнителни четири недели за доведување на засилувања. Новиот тренер Роналд Куман сака да доведе неколку нови играчи, а на списокот кој го упатил до челниците на клубот имало четири имиња како приоритет.

Прв на листата е напаѓачот на Лион, Мемфис Депај, кој блеска во францускиот тим. Кога се работи за холандски тренер, нормално е да има и холански фудбалери на листата на желби. Тука се Џорџинио Вајналдум од Ливерпул и стоперот Стефан де Вриј од Интер. Четврти на листата е Ерик Гарсија од Манчестер сити.

Депај и Вајналдум веќе подолго време се споменуваат како можни засилувања за Барселона. Двајцата имаат само уште една година од договорите со актуелните клубови и многу лесно може да бидат продадени. И Гарсија е реално засилување, но за Де Вриј ќе биде тешко изводливо да се пресели на „Камп Ноу“.

Летово единствено засилување на Барселона е Миралем Пјаниќ кој дојде во каталонскиот гигант од Јувентус, додека на спротивната страна замина Артур. Од тимот си замина и Иван Ракитиќ, кој се врати во Севилја. Барселона во овој момент има 37 играчи кои може да бидат дел од првиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести