Куман доби втора шанса во Барселона

Роналд Куман и дефинитивно останува на клупата на Барселона за сезоната 2021/22, потрвди претседателот Жоан Лапорта.

Оваа вест се очекуваше да биде потврдена по најавите на шпанските медиуми кои од пред неколку дена тврдеа дека Куман ќе добие втора шанса на „Камп ноу“. Управата на чело со Лапорта одржа неколку состаноци со холандскиот стратег, по што му е дадена доверба да го одработи договорот до крај. Во зависност од резултатите на екипата во текот на наредната сезона, ќе се одлучува дали Куман ќе добие нов договор.

Засега управата беше доста активна со доведување на неколку нови играчи, како Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, а се очекуваат уште ангажманите на Депај и Вајналдум, додека позитивни се најавите околу најважниот потпис во клубот, а тоа е на Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести