Куман е катастрофа во споредба со Валверде

Валенсија беше новата пречка на Барселона во освојувањето на трите бода за тимот на Роналд Куман со мачење да го фати чекорот со ривалите Реал и Атлетико за титулата во Шпанија. Сепак, работите на „Камп ноу“ не се одвиваат според планот, вчера по третпат сезонава Каталонците ремизираа, а веќе имаат четири порази во шампионатот.

Под водство на Куман, во првите 13 натпревари во Ла Лига, Барса претрпе пораз во четири натпревари, исто колку што екипата загуби во првите две сезони со Ернесто Валверде на клупата. Во сезоните 2017/18 и 2018/19, Каталонците беа прваци, а загубија четири од вкупно 72 првенствени меча.

За статистиката да биде уште повеќе против Куман, говори фактот што има еден пораз повеќе од Кике Сетјен, кој беше само 25 натпревари тренер на каталонскиот гигант.

Куман мора што побрзо да најде баланс и стратегија која ќе носи резултати, во спротивно, авантурата во клубот каде што постигна многу како играч ќе му трае кратко како тренер.

- Оглас -

Најнови вести