Куман ќе биде сменет, кумска врска може да и донесе врвен менаџер на Барселона

Роналд Куман ќе добир отказ, тврдат шпанските медиуми, а најсериозен кандидат за нов тренер на Барселона е Роберто Мартинес. Каталонците ќе треба да му исплатат околу 12 милиони евра на Куман за предвремен раскин на договорот, а ако го ангажираат Мартинес ќе треба да платат уште една отшета.

Мартинес е актуелен селектор на Белгија, репрезентација која е најдоброрангирана на ФИФА листата, а популарните Црвени ѓаволи ќе бараат отштета за да го ослободат кормиларот.

Интересно е што оваа варијанта ја турка Жорди Кројф, кој е кум со Мартинес и значаен функционер во Барселона. Интересно е што е најавено дека Куман нема веднаш да добие отказ и задутре ќе ја предводи Барселона против Кадис, па потоа ќе биде разрешен.

Во конкуренција за нов тренер на Барселона се уште е и Чави Ернандес, кој и претходно беше најавуван како сигурна опција за оваа позиција, па се пишмани.

Ако не успее планот на Барселона со Мартинес, или Чави во игра за жешкото столче во Барса се и Конте и Пирло, но тоа се помалку веројатни варијанти.

 

- Оглас -

Најнови вести