Куман има клаузула „Барселона“

Селекторот на Холандија Роналд Куман, има интересна клаузула во договорот со Лалињата. Доколку Барселона се обиде да го ангажира, холандската федерација мора да му дозволи да преговара за потенцијален ангажман на „Камп ноу“.

Куман во февруари минатата година потпиша четири и пол годишен договор со светскиот вицешампион од 2014 година, но Холандија работи на случајот да го задржи на клупата и по СП 2022 кое ќе се одржи во Катар.

Под водство на Куман, Лалињата се блиску до пласман на Европското првенство во 2020 година, што ќе им биде прво појавување на големо натпреварување во изминативе пет години.

Инаку, холандскиот стратег кој тренерската кариера ја градеше во Бенфика, Валенсија, ПСВ Ајндховен и Евертон, своевремено беше и играч на Барса во 90-тите години. Со шпанскиот гигант освои 10 трофеи за шест сезони и запиша повеќе од 260 настапи. Исто така беше и во стручниот штаб на Луј Ван Гал од 1998 до 2000 година, па Куман би можел да се врати на добро познато место доколку Барселона се раздели со Ернесто Валвере во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести