Куман инсистираше Барса да го купи Депај, а токму утките на Мемфис му пресудија на тренерот

Роналд Куман за време на престојот во Барселона како главен тренер, донесе низа необични одлуки, од кои најнепопуларна беше откажувањето од Уругваецот Луис Суарес, а како најдобри потези му се припишуваат вметнувањето на младите Педри и Гави како првотимци и сега Барса со нив има светла иднина.

Куман откако остана без Суарес, цело време бараше клубот да го купи Мемфис Депај. Летово конечно желбата му беше исполнета, Депај дојде од Лион како големо засилување, а Холанѓанецот имаше некои светли моменти, публиката го засака, му беше дозволено тој да ги шутира пеналите.

Но, парадоксално, токму грешките на Мемфис на два меча по ред, против Реал Мадрид и Рајо Валјекано, му пресудија на Куман како тренер на каталонскиот гигант. Во Ел Класико против Реал, Депај загуби топка по која тргна акцијата која со гол ја заврши Давид Алаба. Мемфис не се обиде да го брка Алаба, и тоа му беше прва грешка.

Втората, многу позабележителна, се случи во Мадрид кога ја загуби психолошката битка со Столе Димитриевски при пеналот. Ако Мемфис дадеше гол од пеналот и изедначеше на 1-1, можеби човекот кој го донесе Мемфис во Каталонија уште ќе беше тренер на Барса.

- Оглас -

Најнови вести