Куман ја критикува Барселона поради одлуката да ангажира „старци“

Актуелниот селектор на Холандија и поранешен тренер на Барселона, Роналд Куман, ја критикуваше трансфер-политиката на каталонскиот тим.

Холанѓанецот смета дека не е паметно да се ангажираат постари фудбалери, туку треба да се инвестира во млади играчи кои долги години би можеле да го носат дресот на Барселона.

„Можеме да зборуваме за трансферите, посебно за возраста на играчите кои ги носат. Не размислуваат за иднината ниту од економски, ниту од спортски агол. Нема дилеми дека Гундоган (32 години) и Левандовски (34) се одлични играчи, но на врвно ниво можат да играат уште две, три години.Не можете секоја година да носите такви играчи, подобро да се носат фудбалери кои имаат 22 години, а не 32“, изјави Куман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести