Куман најде причина за ремито кај Кадис: Во оваа земја те исклучуваат за ништо!

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по ремито 0-0 против Кадис, по кое каталонскиот тим е седми на табелата, изјави дека судиите во Шпанија доделуваат црвени картони без потреба. Синоќа во Кадис поцрвенеа Френки де Јонг и самиот Куман.

„Се трудевме, ја имавме топката, не можам да се пожалам на односот на играчите. Ни фалеше завршен пас. Кога нема да дадеш гол, не можеш да победиш. Во второто полувреме противникот беше позаморен, имавме шанси, но не ги искористивме. Вториот жолт картон на Френки ги искомплицира работите за нас. Заслуживме да победиме, но не успеавме. Се надевам дека ќе победиме в недела“, анализираше Куман, кој потоа се осврна и на исклучувањата.

„Во оваа земја те исклучуваат за ништо. Сите видоа дека на теренот имаше две топки освен судијата. Му кажав на четвртиот судија дека има две топки и ме исклучија за ништо“, вели Куман.

Критики дојдоа од фудбалерите Пике и Сержи Роберто. Тие велат дека резултатите се неприфатливи и дека Барса има добар тим кој треба да се бори за прво место, а не да се задоволува со пласман меѓу првите четири.

- Оглас -

Најнови вести