Куман не го интересира што зборат за него, стратегот откри што му е најбитно

Барселона лошо ја започна сезоната и по пет меча има освоено само девет бодови, па заостанува дури седум зад лидерот Реал Мадрид. Како најголем виновник за слабите резултати се посочува тренерот Роналд Куман, кој е под голем притисок дека може да добие отказ.

Куман сепак не делува многу загрижено и најави дека не го интересира кој што пишува, туку дека е фокусиран на екипата и како да стигне до победа.

„Кој ќе биде доведен за тренер на мое место? Не знам, затоа што не ги гледам медиумите што пишуваат. Знам дека сешто се пишува. Јас само сакам екипата да победува и енергијата ми е фокусирана кон тоа“, рече Куман, кој додаде дека по ремито со Кадис имал разговори и со претседателот Жоан Лапорта и дека ја има комплетната доверба.

Барселона утре на „Камп Ноу“ ќе игра против Леванте, а каталонскиот гигант е голем фаворит за освојување на трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести