Куман не може да го преболи отказот: Барселона го губи имиџот, а со Лапорта не би испил ниту кафе

Холанѓанецот Роналд Куман во 2021 година доби отказ во Барселона само по една сезона помината на клупата и тој потег актуелниот селектор на Лалињата не може да му го прости на Жоан Лапорта.

Оттогаш, Куман неколку пати се огласи и ја критикуваше управата на Барселона, и сега не пропушти да фрли отровни стрели.

„Гледам дека УЕФА сака да се знае што се случува во скандалот Негреира. Мислам дека Барселона го губи имиџот поради тој случај и забележувам дека во Холандија луѓето сега поинаку размислуваат и гледаат кон тој клуб. Дефинитивно таа епизода со Негреира не им помага“, изјави Куман, кој потоа го нападна претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

„Повреден сум поради тоа што Лапорта ми го направи, но мора да одиме понатаму. Не би сакал да зборувам за минатото, одамна кажав што мислам за него. Барселона продолжува во својот живот, јас со мојот, а со Лапорта не би седнал ниту да испијам кафе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести