Куман не се откажува од холандското дуо, од Барса очекува да ги купи во јануари

Роналд Куман не се откажува од двоецот Џини Вајналдум и Мемфис Депај, па од управата на Барселона очкеува да атакува на нивните потписи во јануарскиот трансфер-прозорец.

Каталонците не беа во можност поради недостиг на финансии да му ги исполнат желбите на Куман, па до следниот преоден рок ќе треба да скројат план како да ги осигурат услугите на холандските репрезентативци.

Вајналдум влезе во последната година од договорот со Ливерпул, што значи дека од 1 јануари ќе може да преговара со клубови кои не се од Англија за трансфер без отштета по крајот на сезоната, но Барса речиси сигурно ќе понуди одредена сума за Вајналдум уште на зима да се пресели на „Камп ноу“.

Лион не игра во европските купови, па затоа ангажманот на Депај не би требало да биде тежок, со оглед на тоа дека на француските Лавови добро ќе им дојде финансиска инјекција со продажбата на нивната ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести