Куман откри зошто ја одби Барселона

Барселона во почетокот на 2020 година го разреши тренерот Ернесто Валверде и како негов заменик го ангажира Кике Сетјен. Неколку дена пред склучувањето на соработката со Сетјен, управата контактирала со холандскиот селектор Роналд Куман.

„Точно е дека добив повик од Барселона, но добија негативен одговор бидејќи ја водам селекцијата на Холандија. Повикот дојде во погрешен момент“, истакна Куман.

Инаку предводникот на Лалињата претходно откри дека има клаузула во договорот кој му важи до 2022 година, според која може да ја прекине соработката со Холандија доколку Барселона ги бара неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести