Куман ризикуваше со оставањето на Гриезман на клупата и доби (Видео)

Барселона води со 3-0 против Динамо Киев на 20-тина минути до крајот и веројатно Каталонците ќе бидат единствен гостински тим кој ќе победи на вечерашните дуели од Лигата на шампионите кои почнаа во 21 часот, а ѕвезда на стадионот во Киев е Мартин Брајтвајт, кој во периодот од 52-рата до 70-тата минута даде два гола (еден од пенал) и имаше асистенција за дебитантскиот погодок на Дест.

Барса во Украина замина многу ослабена, покрај тоа на клупата остана Антоан Гриезман, но Брајтвајт одлично ја игра улогата на прв напаѓач. Иако многумина се смееја кога Брајтвајт ја наследи деветката на Луис Суарес, тој дури вечерва против ослабениот Динамо покажа зошто Каталонците го купија во јануари.

Ова е голот со кој Брајтвајт ја донесе Барса во водство од 2-0 и практично го скрши отпорот на домашните:

https://twitter.com/i/status/1331345776694398976

- Оглас -

Најнови вести