Куман: Се плашам за својата иднина

Роналд Куман доживува вистински „ролеркостер“ водејќи ја екипата на Барселона. Тренерот на тимот од Каталонија се соочува со голема неизвесност околу својата судбина во тимот, а тоа го призна и на денешната прес конференција, пред натпреварот против Гранада кој се игра утревечер од 21:00 часот.

„Пред натпреварот со Баерн Минхен сите ме прашуваа за колку ќе го продолжам договорот со Барселона, а сега не е така. Се плашам за својата иднина во овој клуб, но, треба да се запомне дека имаме голем број на повредени играчи и дека овој ти е во реконструкција“ изјави Куман.

Надедниве две седмици ќе бидат од исклучителна важностз за Холанѓанецот, кој ако сака да остане на клупата на Барса, ќе треба да оствари победи против Гранада, Кадиз, Леванте и Атлетико Мадрид во Ла Лига, како и со Бенфика во многу важен меч од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести