Куман се правда по неуспехот: Ова не е Барселона од пред осум години

Барселона одигра само 1:1 против Гранада во последниот натпревар од петтото коло од шпанската Ла Лига. Каталонците иако беа големи фаворити, се спасија ос пораз во последните мигови благодарение на голот на Роналд Араухо во 90-тата минута.

Тренерот на овој тим, Роналд Куман, на прес-конференцијата по натпреварот даде изјава.

„Погледнете го составот кој го имав на располагање, едноставно, го дадовме максимумот. Не е ова Барселона од пред осум години, не можеме да играме тики-така и мораме да направиме нов стил. Мислам дека одигравме добро и да имавме уште време, ќе победевме.

Тргнав со формација 4-3-3 во првиот дел, но морав да ја сменан формацијата со оглед на измените што ги направив“, рече Холанѓанецот по крајот на натпреварот.

Иако имаше најави дека Куман би бил сменет по евентуален неуспех над Гранада, сепак, до такво нешто сè уште нема дојдено.

- Оглас -

Најнови вести