Куманово и Еуро Никел со „два од два“, прва радост за Кожув

Кожув ја запиша првата овосезонска победа во Првата кошаркарска лига на Македонија со убедливи 85:64 на гостувањето кај Вардар во второто коло. Гевгеличани го посакуваа овој триумф по минималниот пораз од шампионот МЗТ Скопје, па така ја оправдаа улогата на фаворит.

Дури пет играчи на Кожув завршија со двоцифрен учинок, а најефикасен беше Зданавичиус со 16 поени, додека Робев со ист број на поени беше најрасположен кај домаќините.

Еуро Никел со убедливи 91:69 го надигра Пелистер, Куманово беше подобар од Академија ФМП со 93:80,  па така овие две екипи го одржаа перфектниот учинок по две кола и заедно со МЗТ имаат по четири бода на делба на лидерската позиција на табелата.

За утре преостанува да се одигра дербито меѓу Работнички и Гостивар, дуелот во „Градски парк“ ќе започне во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести