Куманово заборави да победува

Екипата на Куманово го претрпе и петтиот пораз во низа во Суперлигата, откако денес загубија на домашен терен од Блокотехна со конечни 65:80. Кошаркарите на Ацо Петровиќ се без позитивен резултат од март месец, поточно од последното коло во регуларниот дел од сезоната кога славеа над Шкупи со убедливи 109:79.

Куманово беше достоен противник само во првата четвртина против гевгелискиот состав, кој го освоија со 21-17. Гостите потоа фатија ритам и го свртеа резултатот во своја корист на 35:39 пред паузата. Тимот кој го предводи Марјан Илиевски го пренесе расположението и во вториот дел од средбата, за на крајот Блокотехна да го запише третиот последователен триумф во Суперлигата.

Фунденбург со 19 поени ја предводеше Блокотехна, додека по 18 поени додадоа Думиќ и Пен. Кај поразените, најсрасположен играч беше Ѓекиќ со 21 поен.

 

- Оглас -

Најнови вести