Кунг-фу Атлетико и со играч помалку го победи Хетафе во најинтересниот меч сезонава! (Видео)

Атлетико Мадрид со 4-3 го совлада Хетафе во најинтересниот меч сезонава во шпанската лига. Седум гола од кои шест во прво полувреме, пресврти, еден црвен картон и повеќе жолти, сето ова се случуваше на мадридскиот дуел на „Ванда метрополитано“.

Откако првото полувреме заврши со луди 3-3, најефикасни 45 минути во тренерската кариера на Диего Симеоне, во 58-ма минута Атлетико остана со играч помалку по исклучувањето на Филипе за еден убиствен старт. Иако Јорганџиите повеќе од половина час имаа човек помалку на терен, сепак победија, со убав гол на Марио Ермосо во 89-та минута.

Ермосо кој е дефанзивец, влезе на местото на Луис Суарес, за да ја засили одбраната после црвениот картон на Филипе.

- Оглас -

Најнови вести