Куп на Македонија: Вардар против Металург, Пелистер против Бутел во полуфиналето

Ракометниот Куп на Македонија денес ги доби полуфиналните парови, Вардар ќе се сретне со Металург, додека Еурофарм Пелистер ќе ги одмери силите со Бутел, одреди денешната ждрепка.

Ланското издание на Купот беше одложено поради корона-вирусот, па Металург останува како бранител кој го освои трофејот во 2019 година, а за да добие шанса повторно да го подигне, ќе треба да го надигра Вардар. Битолчани во меѓувреме важат за големи фаворити против Бутел.

Ф4 турнирот ќе се одржи во салата „Автокоманда“ во Скопје. Полуфиналните дуели се закажани за 14 мај, додека големото финале е предивдено за 16 мај.

- Оглас -

Најнови вести