Куп-натпреварите повторно во прв план, на „Меаца“ се игра ново дерби

Интер – Наполи (Куп на Италија, полуфинале – 20:45ч)

Во првиот меч од полуфиналето може да се разрешат многу работи, а ако се земе предвид дека во соблекувалната на Интер владее позитивна атмосфера, за разлика од Наполи, може да се очекува победа на избраниците на Антонио Конте. Нераѕурите прикажаа две различни игри во градското дерби против Милан, но 4 гола за едно полувреме се доволно за Наполитанците да се плашат од дебакл на „Џузепе Меаца“.

Тимот на Џенаро Гатузо претрпе шок од Лече на домашен терен по последното коло од Серија А и далеку е од посакуваната форма, но се чини дека Рино сфати дека мора да го игра Елмас во првиот состав за да функционира неговата замисла на теренот.

Според последните две меѓусебни средби во кои се видоа четири, односно пет гола, би требало и вечерва ефикасноста да биде на ниво и да гледаме возбудлив меч.

Предлог тип: 1X & T12+ (2.08) 

 

Лион – Марсеј (Куп на Франција, четвртфинале – 21:05)

Едно од највозбудливите дербија во Франција ќе се одигра вечерва, во битка за пласман во полуфиналето од Францускиот куп. Лавовите ја имаат предноста на домашен терен, меѓутоа отсуствата на неколку важни играчи, пред сè Мемфис Депај, може да бидат проблем за тренерот Гарсија.

И Вилаш-Боаш не може да се потпре на комплетен состав, Тован е во аут веќе извесно време, а неизвесен за настап е напаѓачот Бенедето. Изминаа повеќе од две години кога Лион и Марсеј се пресметаа во куп-меч, а тогаш тимот од „Велодром“ славеше со 2-1 по продолженија. Оттогаш Лион славеше во четири последователни средби, пред Марсеј оваа сезона повторно да слави со идентични 2-1.

Предлог тип: ГГ3+ (2.02)

 

Атлетик Билбао – Гранада (Куп на Кралот, полуфинале – 21ч)

Билбао е голем фаворит во двомечот против Гранада преку кој цели на пласман во финалето и битка за шпанскиот трофеј. Баскијците ја елиминираа Барселона и со голема самодоверба сега го исчекуваат овој дуел. Знаејќи дека играат на домашен терен, може да завршат голем дел од работата доколку издвојат убедлив триумф вечерва.

Во периодот кога Гранада беше дел од елитата, последните три дуели против Билбао ги загубија со просек од два примени погодоци на секој од мечевите.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.07)

 

Хадерсфилд – Кардиф (Шампионат лига, 32-ро коло – 20:45ч)

Чудно е да се види експресен колапс на тимот кој до минатата сезона играше во Премиер лигата, а сега се бори да го задржи статусот на второлигаш. Хадерсфилд не се снаоѓа добро во периодот на промени во клубот, а токму Кардиф може да го искористи тоа и да си ги задржи надежите за пласман во разигрувањата. Канаринците се непоразени во пет лигашки средби, серија која имаат намера да ја одржат и по оваа средба.

Во полза на велшкиот клуб се и меѓусебните дуели против Хадерсфилд. Ја добија првата овосезонска пресметка со 2-1, додека Хадерсфилд цели 17 години нема славено против Кардиф.

Предлог тип: ГГ (1.91)

 

Милвал – Фулам (Шампионат лига, 32-ро коло – 20:45ч)

Малото лондонско дерби за пристрасните навивачи е еднакво возбудливо како да се игра во најелитниот англиски ранг. Фулам памети добри партии на стадионот „Ден“ од последните две гостувања, кога победуваше со 3-0, односно 3-1, додека во првиот дуел оваа сезона славеше со убедливи 4-0.

Евентуална победа на гостите може да им донесе второ место на табелата пред Лидс јунајтед, а воедно да ја продолжат серијата без пораз на седум меча и да ја направат битката за директен пласман во Премиер лигата уште понеизвесна.

Предлог тип: X2 & 0-3 (1.74)

- Оглас -

Најнови вести