Куп натпреварите продолжуваат – Подвигот на Баерн од Штип е тешко достижен

Кит Го Пехчево ќе му биде домаќин на Пелистер, а Љуботен ќе игра со Тиквеш денеска од 17 часот, во двата дуели од националниот Куп на Македонија.

Најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија почна со рекорд и со неверојатна победа на Брегалница во Штип од 22:0 против Ново Црнилиште. Резултат за аналите на макфудбалот, бидејќи тоа е највисока победа на еден клуб во досегашните 28 изданија на домашниот куп, вклучувајќи го и ова.

Во стилот на германскиот првак Баерн Минхен, кој неодамна во претсезоната го декласира Ротах-Егерн со 23:0, играчите на Брегалница го нокаутираа противникот и поставија висока граница од 22 гола за уривање на новиот фудбалски рекорд.

Денеска од 17 часот ќе се играат уште два меча, а утре во истиот термин има подолга програма од 10 натпревари од шеснаесетфиналето во македонскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести