Куп-титула и пласман во ЛШ нема да го спасат Пирло: Јуве бира меѓу тројца кандидати

За Јувентус ова е разочарувачка сезона бидејќи без борба ја загубија титулата во Серија А, потполно потфрлија во Лигата на шампионите уште во првата нокаут-фаза, додека утеха е мечот за куп-титулата во Италија против Аталанта.

Јувентус и да го освои Купот против Аталанта, тоа нема да биде доволно за Андреа Пирло да добие нова шанса да се докаже дека е вистинскиот човек да биде на кормилото на Старата дама.

Управата на гигантот од Торино има три опции во изборот за наследникт на Пирло, а меѓу нив е и екстренерот Масимилијано Алегри. Италијанецот е без ангажман по разделбата со Бјанконерите во летото 2019 година и би можел да дочека камбек на „Алијанц стадионот“.

Клупската легенда Зинедин Зидан, исто така е топ-кандидат кој би можел да го напушти Реал Мадрид по крајот на актуелната сезона. Името на Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, се најде како трета опција, кој по шест години би добил шанса да води голем клуб, ако се знае дека своевремено беше тренер на Милан.

Како и да е, Пирло нема да го спаси ниту куп-титула, а ниту пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести