Купете навреме, пуштени во продажба билетите за ракометниот бараж Македонија – Фарски Острови

Ракометната федерација на Македонија објави дека денеска се пуштени во продажба билетите за натпреварот помеѓу машките сениорски репрезентации на Македонија и Фарски Острови од баражот за Светското првенство 2025 година.

Дуелот на кој Македонија ќе биде домаќин ќе се игра на 12 мај во 19 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Продажбата на влезници е почната, и тоа онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Цената на влезниците е 200 и 300 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести