Купот на африкански нации повторно ќе се игра во јануари и февруари

Африканскиот Куп на нации повторно ќе се игра во јануари и февруари, потврди домаќинот на следното издание Камерун. Последниот континентален собир кој се одржа во Египет, а го освои Алжир, за првпат се играше во летниот период, но поради топлото време во Камерун мораше да се врати стариот распоред.

Тоа значи дека бројни фудбалски ѕвезди кои потекнуваат од Африка, а играат во топ лигите во Европа, ќе отсуствуваат од клупски обврски во почетокот од 2021 година. Оваа промена најмногу ќе наштети на Премиер лигата, бидејќи еден месец ќе се гледа фудбал без Мо Салах, Садио Мане, Ријад Марез, Пјер Емерик Обамејанг.

Африканскиот куп на нации ќе се одржува од 9 јануари до 6 февруари 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести