Kупувањето дрес никогаш не било полесно (фото)

Да се купи фудбалски дрес во денешно време е лесно колку и купување сок. Само ставаш пари во машината и бираш кој дрес го сакаш. Лесно е барем за навивачите на Фламенго, за кои клубот постави вендинг машина на стадионот „Маракана“ од која може да се купи дрес.

На овој револуционерен начин Фламенго се обидува да привлече што поголема продажба на својата опрема, а воедно им овозможуваат на навивачите брзо да дојдат до посакуваниот грес.

https://twitter.com/cahemota/status/1164296409530732545?s=19

Инаку, првиот клуб што почна да продава дресови на овој начин е Гремио. Јужноамериканскиот првак од 2017 година уште лани постави вендинг машина со дресови, и тоа на аеродромот во Порто Алегре, а сега ривалот од Бразил ја користи таа идеја за своја цел.

Фламего ќе ја пушти машината во употреба идната среда, во пресрет на реванш-мечот против Интернационал во четврт-финалето од Копа Либертадорес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести