Куртоа има психички проблеми? Од Реал демантираат

Тибо Куртоа е едно од најголемите разочарувања на Реал Мадрид сезонава. Голманот од кого се очекуваше да биде сигурност во одбраната на Кралскиот клуб, брани очајно. Белгискиот репрезентативец бранеше само 45 минути на дуелот против Бриж во Лигата на шампионите и прими два гола. На полувремето, Куртоа остана на клупата за резерви, а на голот застана Ареола.

Според „Диарио Мадридиста“, Куртоа е во лоша форма поради психички проблеми. Се шпекулира дека лекарскиот тим на Кралскиот клуб на голманот му дијагностицирале дека има панични напади.

 

Куртоа ги пропушти последните неколку тренинзи, а според најавите, тој нема да брани ниту на утрешниот меч против Гранада на „Сантијаго Бернабеу“. Реал против Гранада на последните шест меча има постигнато 25 гола, а прими само два погодока, па сѐ освен сигурна победа на фаворитот, ќе биде големо изненадување.

Реал Мадрид застана зад својот голман и во официјално соопштение демантираше дека Куртоа има психички проблеми, туку дека се работи за стомачни тегоби и затоа бил заменет на дуелот против Бриж.

 

- Оглас -

Најнови вести