Куртоа заспа, Шене со еврогол го зачини подвигот на Ајакс (Видео)

Ласе Шене со еврогол од слободен удар ја зачини голеадата на Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“ против актуелниот европски првак Реал Мадрид.

Ајакс на 15 минути до крајот, води со 4-1 и има резултат за четврт-финале. Со головите на Зијеч, на Нерес, на Тадиќ и на Шене гостите го нокаутираа Кралот, кој е на прагот на елиминација. Првиот меч заврши со победа на Реал од 2-1.

https://www.youtube.com/watch?v=N1LKtkMu7ME

 

- Оглас -

Најнови вести