Кутињо четири месеци аут, претседателскиот кандидат Фонт ќе го враќа Чави во Барса

Поразот на ракометарите на Барселона во финалето на Лигата на шампионите и нерешениот резултат во фудбалскиот меч на „Камп ноу“ против Еибар дополнтелно ја разнишаа состојбата во каталонскиот клуб и таа ситуација се обидува да ја искористи Виктор Фонт, претседателскиот кандидат кој вети дека ако застане на чело на Барса, ќе го врати Чави.

Но, Фонт нема намера да го разреши тренерот Роналд Куман, туку Чави ќе го постави на функцијата генерален менаџер. Место во раководството ќе има и за Жорди Кројф како спортски директор. Фонт заедно со Жоан Лапорта се главни кандидати за нов претседател на Барселона, барем според досегашните анкети.

Лоша вест за фудбалскиот тим е потврдата дека Филипе Кутињо има повреда на менискусот во коленото на левата нога и ќе мора да биде опериран. Ова значи дека Бразилецот нема да може да игра во наредните четири месеци и тоа е удар плус за Барса, на која сезонава не ѝ цутат розите.

- Оглас -

Најнови вести