Кутињо има дозвола да игра за Баерн против Барселона

Филипе Кутињо в петок вечерта може да ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите, и тоа како играч на Баерн Минхен, каде што настапува како позајмен од Барселона. Бразилецот има договор со Барса, а прописите на УЕФА не дозволуваат клаузула со која играч не може да настапи против клубот од кој е позајмен, што значи дека нема пречка Кутињо да заигра против своите, иако тешко дека ќе биде стартер.

Дуелот на шпанскиот и германскиот великан се игра в петок во Лисабон, а Кутињо немаше којзнае колку добра сезона во Баерн, па Баварците не планираат да го откупат неговиот договор и тој треба да се врати во Барса, со која треба да си ја договори иднината. Сите најави се дека Кутињо во следната сезона ќе игра некаде во Премиер лигата, веројатно во Арсенал, каде што веројатно би бил позајмен.

Но, прво треба да се види што ќе направи со Баерн во ЛШ и дали ќе игра против Барса и ќе направи тие да зажалат што се откажаа од неговите услуги, иако многу скапо го платија.

- Оглас -

Најнови вести