Кутињо е фудбалер со најмногу настапи од топ лигите во Европа

Можеби во Барселона беа разочарани од игрите на фудбалерот кој многу скапо го платија и сега сакаат да се ослободат од него, но Филипе Кутињо е играч кој бил најмногу користен од клубот и репрезентацијата во текот на сезонава од сите играчи во европските лиги.

Инвестицијата од 160 милиони евра не ги даде очекуваните резултати, 11 гола и 5 асистенции се премалку за играч кој требаше да го покрие заминувањето на Нејмар, но Кутињо не може да се жали дека не добил шанса. Навистина на многу мечеви влегуваше во игра како резерва, но ако се соберат сите мечеви на коишто настапи барем по една минута, се доаѓа до бројка од 70. Од тие, 54 се со Барселона, а 16 во дресот на репрезентацијата на Бразил.

Втор на листата зад Кутињо е Дени Блинд од Ајакс со 67 меча сезонава, а по 66 одиграа Еден Азар и Квинси Промес.

Во светски рамки, прв е Хесус Галјардо од Монтереј. Мексиканецот имаше 72 настапи, од кои 57 со клубот и 15 со националниот тим.

Но, ако се земе минутажата, тогаш листата е многу поразлична. Лидер е Калум Мекгрегор од Селтик со 5 894 одиграни минути, а во топ 5 се и Дени Блинд од Ајакс/Холандија, Рубен Дијас од Бенфика/Португалија, Алисон Бекер од Ливерпул/Бразил и Матајс де Лихт (Ајакс/Холандија).

- Оглас -

Најнови вести