Кутињо е најблиску до лондонскиот премиерлигаш

Голема е веројатноста Филипе Кутињо, играчот за врска на Барселона, да направи трансфер во Арсенал. Според најавите, каталонскиот гигант веќе има сериозни разговори со лондонскиот тим и за кратко време може да биде постигнат и договор.

Тешко дека Арсенал ќе успее да го откупи договорот на Бразилецот, но треба да има договор за да игра како позајмен играч. За да го продаде Кутињо, Барселона бара 80 милиони евра, сума која тешко дека ќе се реши да ја плати некој тим. Офанзивниот играч не се снајде на „Камп ноу“, па играше и како позајмен играч во Баерн Минхен, но германскиот првак не сакаше да го задржи и за следната сезона.

Кутињо најдобриот период од кариерата го помина токму во Премиер лигата, кога го носеше дресот на Ливерпул. На „Енфилд роуд“ остана пет години, а потоа замина во Барселона за трансфер од 145 милиони евра. Неговиот договор со Каталонците е до 2023 година.

„Не е тајна дека Кутињо сака да се врати во Англија. Шансите да се случи тоа се сосема реални. Неколку клубови се интересираат за да го доведат во своите редови“, вели менаџерот на фудбалерот, Кија Џорабчијан.

 

 

- Оглас -

Најнови вести