Кутињо ќе игра за Астон Вила но од лето ќе настапува за друг тим од Премиер лигата

Фелипе Кутињо пристигна на позајмица во екипата на Астон Вила од Барселона и таа ќе трае до крајот на оваа сезона.

Сепак, Бразилецот ќе остане на островото бидејќи Каталонците договориле негова продажба вредна 40 милиони евра и тоа со екипата на Тотенхем.

Антонио Конте е голем фан на Кутињо, а претседателот на тимот, Даниел Леви е решен да му ја исполни таа желба.

29-годишниот Бразилец не ги оправда очекувањата во Барселона откако пристигна за околу 120 милиони евра од Ливерпул, каде што блесна.

Во својата кариера Кутињо има настапувано и за Еспањол, Интер и Сантош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести