Кузмановски: Горд сум на момците, вака треба да се игра за Македонија

Бекот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, беше пресреќен по победата над Катарците, втор за Македонија на Светското првенство.

„Под емоции сум. Верував во себе и во момците. Ова е награда за сите нас за борбата на досегашните мечеви. Горд сум на момците, среќен сум што го победивме Катар. Покажуваме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Првенството е долго, кај дел од нас малку се чувствува потрошеност, но се договоривме да одиграме како тим и да изгинеме на терен, кога се игра за Македонија мора да се најде сила“, рече Кузмановски.

- Оглас -

Најнови вести