Квадрадо му се извини на Бонучи за гафот и објавувањето слика на која Лео е „пиштол“ гол (Фото)

Колумбиецот Хуан Квадрадо направи скандал, па мораше да му се извини на соиграчот од Јувентус, Леонардо Бонучи, што на инстаграм-профилот на Алваро Мората објави фотографија од соблекувалната на Старата дама, на која во заднина се гледа голиот Бонучи.

Колумбиецот го зеде телефонот на Мората и сакаше да објави свое селфи, но не забележа дека во заднина се гледа Бонучи, кој е под туш и како од мајка роден. Сликата брзо беше избришана, но веќе беше доцна, штетата е направена.

- Оглас -

Најнови вести