Квадрадо за голот од корнер: Сакав да нафрлам на прва статива (Видео)

Колумбиецот Хуан Квадрадо од Јувентус вчера против Џенова постигна фантастичен гол од корнер, а на полувремето во разговор со голманот „жртва“ призна дека погодокот бил случаен.

На Квадрадо намерата не му била да шутира директно во голот и да го изненади Салваторе Сиригу, туку сакал да нафрли.

„Не сакав да го направам тоа. Целта ми беше да нафрлам на поблиската статива, ама топката отиде многу високо“, беше снимен Квадрадо на полувреме како му објаснува на Сиригу.

https://www.youtube.com/watch?v=0Qo1yz5d_jM

Кога го слушна објаснувањето на Квадрадо, Сиригу му врати: „Ма оди бре е.и се!“, но без намера да го навреди, туку се изрази жаргонски како во разговор на пријатели.

Ова е голот на Квадрадо:

- Оглас -

Најнови вести